За Проектот

Локалитетот Градиште во с. Младо Нагоричане се наоѓа покрај левиот брег на Пчиња, јужно од с. Стрновац. Населбата е сместена на рид кој доминира со околината (сл. 1) и нуди добра видливост во сите правци, освен кон исток. Била користена уште од енеолитот, бронзеното време, железното време, па се до доаѓањето на Римјаните. Својот зенит го достигнала во 4-3 век пр.н.е., а потоа била запалена. Истражувањата кои ги организира НУ Музеј Куманово се започнати од 2014 г., првин во соработка со Институтот за археологија при Филозофскиот Факултет во Скопје (раководител проф.д-р. Марјан Јованов) и УЗКН, а од 2018 г. , Музеј Куманово самостојно ги води ископувањата (раководител Дејан Ѓорѓиевски).

Работено е на највисокиот дел на ридот (акропола) каде е откриен резиденцијален објект со отворен двор и простории околу него, кои имале боени ѕидови (сл. 2- 4). Најдена е и просторија за собирање вода, со малтерен под (можеби бања?, сл. 3), како и внатрешен трем со колонада од јонски столбови.

На средната тераса е откриен внатрешен бедем и стилобат покрај него (притоа добивајќи изглед на стоа, сл. 5), додека на долната тераса се откриени интервенции во карпа кои укажуваат на култови активности (сл. 6).

Проектот за 3д изложба на предметите од Младо Нагоричане претставува пионерски потфат на НУ Музеј Куманово за дигитализација на археолошкото културно наследство. Збирката ќе се надоградува континуирано, во зависност од бројот на предметите кои ќе се изложат на постојаната поставка на музејот.

Автори на изложбата: Дејан Ѓорѓиевски (НУ Музеј Куманово) и проф.д-р. Марјан Јованов (Филозофски Факултет Скопје).

Финансирано од: Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија

Локалитетот од неговата североисточна страна

Локалитетот од неговата североисточна страна

Резиденцијален објект, фотограметрија С. Анчевски

Резиденцијален објект, фотограметрија С. Анчевски

Просторија со малтерен под

Просторија со малтерен под

Спореден влез во објектот

Спореден влез во објектот

Стилобат покрај внатрешниот бедем

Стилобат покрај внатрешниот бедем

Карпа користена за ритуални активности

Карпа користена за ритуални активности